Почитувани
родители,
Најнапред Ви се обраќаме вам зошто оваа веб страна
првенствено е наменета за вас, но и за сите експерти
кои работат на оваа проблематика, како и за пошироката
јавност.
Се обидовме на еден едноставен, брз и прегледен начин
на оваа интернет страна да Ви го покажеме правовремениот,
вистинскиот и стручниот пат по линијата на “згрижување
на децата со пречки во развојот”. Всушност се обидовме
да ви ги прикажеме институциите на системот кои се
грижат за Вашите деца и истите да Ви ги направиме подостапни.
На овој начин, се надеваме дека ќе го скратиме “празниот
од” на многу семејства низ лавиринтот на неизвесноста
и осознавањето на виситната кое многу често, токму
поради таа неинформираност, се случува доцна и е исполнето
со непријатни искуства и тешкотии.
И не само тоа. Се обидовме на оваа веб страна да ги
пренесеме проблемите, но и да дадеме совети за нивно
надминување или олеснување, како и да ги презентираме
најновите сознанија и актуелности за оваа проблематика
кај нас и во светот.
Со еден збор, се надеваме дека ќе овозможиме зголемување
на Вашата информираност, како и на пошироката јавност,
за хендикепот - Што е хендикеп, како да се прифати
и како да се олесни животот со хендикеп?
| |
ИНСТИТУЦИИ |
|
ДЕКЛАРАЦИИ |
|
ПРОЕКТИ |
|
|
|
|
Детален
преглед на владините и невладините организации
инволвирани во оваа проблематика |
Дали
знаете дека како лице со хендикеп имате посебни
права гарантирани со меѓ. декларации? |
Запознајте
се со реализираните активности и досегашните
резултати од нашите проекти |
|
|
|
|
|
|
Дополнително, на оваа веб страна ќе се прикажуваат
реализираните и престојните активности на проектот
“Унапредување на згрижувањето и третманот на деца со
пречки во развојот” имплементиран од ГТЗ, со што на
проект му даваме уште една форма на достапност и транспарентност. Веб страната е замислена како динамична активност
секогаш отворена за дополнување со нови полезни содржини.
Затоа отворено и љубезно ги каниме посетителите на
страната и експертите од оваа проблематика и пошироко,
кои ќе најдат добра воља за лично учество, активно
да ни се приклучат со свој допринос, со што ќе се подобри
квалитетот и употребливоста на информациите презентирани
на страната.
Искрено се надеваме дека страната со
тек на време ќе биде широко прифатена и многу од посетителите
ќе имаат полза од неа. Истовремено очекуваме преку
формумот и просторот за Ваши прашања и одговори да
се покренат важни прашања и дискусии и иницираат позитивни
промени за што поцелосна интеграција на лицата со посебни
потреби во општеството.
|